„Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во прозор. Се знаеме од мали, но поради разликата во генерации никогаш се немаме дружено. Официјално се запознавме кога Филип ме виде во еден скопски локал и ми пиша на Инстаграм“, раскажува Ена од Скопје.
Ена Благоева (29) и Филип Димишковски (36) од деца живеат еден спроти друг во населбата Капиштец во Скопје. Се познаваат целиот свој живот, но никогаш не се дружеле.
Но, сето тоа се сменило пред 3 години, кога се сретнале во локал во Скопје и ја почнале нивната љубовна приказна.
А, токму на тригодишнината, додека беа на скијање во Австрија, Филип клекна на колено и ја побара Ена за сопруга.
„Со Филип сме во врска точно 3 години, на 14 јануари ни беше годишнина од запознавањето.
Ние двајца живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Неговата куќа е паралелна со мојата зграда. Си гледаме од прозор во прозор.
Се знаеме од мали, ама поради разликата во генерации никогаш се немаме дружено во маало.
Официјално се запознавме кога Филип ме виде во еден скопски лаунџ бар и ми пиша на Инстаграм: ‘Кај си бе, Јулија?’, демек Ромео и Јулија.
Запросувањето се случи додека бевме на скијање во Кицбиел, Австрија, на ски-патека.
Јас решив да го снимам како вози затоа што времето беше многу убаво, а тој одеднаш клекна и го извади прстенот на среде патека.
Не очекував воопшто. Имаме зборувано за иднината, ама ништо конкретно.
Потоа нè сликаше лекар-скијач кој мислеше дека сме повредени, па застана до нас.
crnobelo.mk