Прекината е секаква помош која во минатото доаѓала од Македонија за Македонците во областа Мала Преспа во Албанија, а повеќе не може да добијат ни македонско државјанство доколку не живеат на територијата на Македонија. Проблеми имаат и при обнова на личните документи, посебно оние кои имаат македонски лични документи со адреса во Скопје, каде мака мачат да обноват македонска лична карта или пасош.
ВО МЕЃУВРЕМЕ БУГАРИЈА ПОМАГА
И додека Македонија ги заборави ( а според кажувањата на некои властите во Македонија како да им се одмаздуваат за нешто ), Бугарија ги помага. Здравствениот Дом во Општина Пустец добил ново амбулантно возило за превоз на итни случаи, а возило како донација од Бугарија добила и општината.
ТУРИЗМОТ ШАНСА ЗА СПАС НА ЖИВОТОТ ВО ПРЕСПА
Македонците во селата од општината Пустец практично сега живеат во Национален Парк, бидејќи соседна Албанија на овој дел од својата територија му даде таков статус. Преубавата природа создала услови за развој на рурален туризам и престој во природа, па Македонците во селата полека но сигурно се ориентираат кон оваа стопанска гранка. Отворени се неколку ресторани, каде се нуди квалитетна храна, почнувајќи од домашно произведено сирење, до специјалитети од дивеч. Од пролет до есен селото Зрновско е посетувано од туристи од Холандија, Франција и Германија кои тука се сместуваат, за потоа да уживаат во природата и околните планини.
Албанската владата значително ја подобрила инсфраструктурата, изградени се нови патишта до кои се вози од границата со Македонија кон Пустец и Корча. Во селото Пустец изграден е нов водовод со што е решено водоснабдувањето, и полека се заокружува основната инфраструктура за иден развој на туризмот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ДВЕ ВИДЕА НАПРАВЕНИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПРЕСПА ОВАА ЗИМА
https://www.youtube.com/watch?v=YDidqJnvwqA&t=105s