Макрон: Украина е подготвена за безусловно примирје, Зеленски ми го потврди ова

ПО средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Украина е подготвена за безусловно примирје.

Макрон истакна дека имал „многу позитивна размена на мислења“ со Зеленски во Рим. „Крајот на војната во Украина, тоа е цел што ја споделуваме со претседателот Трамп. Украина е подготвена за безусловно примирје. Претседателот Зеленски ми го потврди ова денес. Тој сака да соработува со Американците и Европејците за да го постигне ова“, напиша Макрон на X.

„Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир“, додаде тој. Макрон, исто така, вети дека ќе продолжи да работи како дел од коалиција на оние што се подготвени „да постигнат прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“.

Зеленски: Сметаме на поддршката од нашите партнери

Зеленски подоцна изјави дека тој и Макрон разговарале за патот кон целосно, безусловно примирје и потребата да се изврши притисок врз Русија да го спроведе.

„Зборував за последиците од руските напади врз Криворог, Суми и Киев. Постои критична потреба од засилена воздушна одбрана за заштита на животите на Украинците. Сметаме на поддршката од нашите партнери“, рече Зеленски.

4news.mk