Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
Денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската Федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово, напиша Димитриевски.