Малопродажбата во Германија падна за рекордни 5,4 отсто во април

Малопродажбата во Германија во април падна за 5,4 отсто на месечна основа, што е најголем пад во последните 12 месеци, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сојузниот завод за статистика на Германија (Дестатис) утринава објави извештај во кој се наведува дека падот на малопродажбата го надминала очекуваното намалување од 0,2 отсто.

Експертите сметаат дека поскапувањето на енергијата и храната се главните причинители за оваа појава.

Продажбата на храна е падната за рекордни 7,7 отсто, додека продажбата на непрехранбени производи е падната за 4,4 отсто.

Од друга страна, продажбата на нарачки преку пошта, преку интернет и продажбата на мало пораснаа за 5,4 отсто.

Извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).