Според Маричиќ и Јавното обвинителство, судовите и Централниот регистар имаат законски можности да реагираат во врска со името на фашистичкиот клуб во Охрид. Вицепремиерот вели дека Централниот регистар веќе води конкретни чекори во тој правец.
Клубот „Цар Борис Трети“ беше отворен неодамна во Охрид од страна на Здружението кое го носи истото име, а беше формирано претходно. Истовремено со отворањето на клубот, пред просториите каде се наоѓа, беше организиран протест, кој помина без инциденти иако на моменти атмосферата беше тензична. Охридски адвокати се подготвени да го бранат 47-годишниот Г.И. кој е обвинет за наводно оштетување на рекламната табла со натпис „Цар Борис III“, своевремено владетел на Бугарија и сојузник на Адолф Хитлер.
ohridpress.mk