Марко Здравковски има 25 години и боледува од канцер, а веќе некој период трае акција за собирање на средства за да се лекува во странство.
– Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот. Се собра почетната сума за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани. Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот сè ќе биде добро, напиша Марко.
skopjeinfo.mk