Тагата го обви Кочани. Денес улиците беа исполнети со тишина, солзи и чекори полни болка. Семејствата на настраданите, заедно со пријатели, соседи и граѓани, маршираа во чест на своите најмили кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани..
Маршот, симболично наречен „Марш за Ангелите“, беше исполнет со транспаренти, но и фотографии од младите животи кои згаснаа прерано.
„Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, кои мудро ја одбегнувате одговорноста за најголемата трагедија од европски рамки што се случи во Кочани. Ние родителите на починатите деца би сакале барем за миг да бидете во нашата кожа, да може да ја почувствувате раскинувачката болка која ние ја чувствуваме, можеби тогаш ќе ја почувствувавте сериозноста и болната ситуација во која се наоѓаме. Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши деца?“, праша една од мајките.
Таа порача дека нема да застанат тука, и ќе се гледаат на полно други места!
Во тишината, гласно одекнуваше љубовта и сеќавањето на Ангелите кои ќе живеат вечно во срцата на своите најблиски.