Овој петок од 21 часот започна новото издание на Европското фудбалско првенство во Минхен.
На Алијанц Арената континенталното натпреварување го отворија репрезентациите на Германија и Шкотска, пред полни трибини.
Домашните навивачи очекувано беа на трибините во огромен број, но треба да се напомене и дека во Германија пристигнаа речиси 20.000 Шкоти.
Освен спектакуларниот настап пред натпреварот и свеченото отворање, уште еден детал ги воодушеви навивачите, а се работи за маскотата.
Станува збор за маскотата на мечката која го носи името Алберт, а покрај тоа носи и дрес во боите на ова натпреварување.
Ова го сними репортерот на Телеграф кој се наоѓа на Алијанц арената, што можете да го погледнете во галеријата.
telegraf.rs