САД ќе банкротитраат без кратења на федералните трошоци, изјави денеска технолошкиот милијардер Илон Маск.
Маск, кој ги предводи напорите под новосоздаденото Департментот за ефикасност на владата (DOGE), разговараше во Белата куќа со Трамп, кој во изминативе недели објави низа наредби насочени кон намалување на федералните трошоци, јавија американските медиуми.
Трамп планира денеска да потпише извршна наредба со која ќе им нареди на сите владини агенции, во соработка со Одделот за владина ефикасност (DOGE), на чело со Илон Маск, да ја намалат работната сила и да го ограничат вработувањето на клучни позиции, јавија американските медиуми цитирајќи неименуван претставник на Белата куќа.
Претходно денеска, Трамп рече дека од DOGE веќе откриле милијарди долари „фрлени во измама, расипништво и злоупотреба“, за што ја обвини претходната „неспособна американска влада“.
„Останува уште многу да се истражи. Нема оправдувања“, рече Трамп.
denovi.mk