Маж од селото Канак во хрватскиот град Сисак со калашников пукал во случајни минувачи на улица при што едно лице убило, а неколкумина се повредени, соопшти полицијата.
Сите расположливи полициски сили се на терен, јавуваат хрватските медиуми наведувајќи дека напаѓачот е во бегство.
Осум повредени се примени во болницата во Сисак, неофицијално објавија хрватските медиуми. Превезените во болница имаат прострелни рани во главата, стомакот, рацете и нозете. Едно од осумте лица кои со Брза помош биле пренесени во болница немало прострелна рана, туку морало да му се укаже помош од други здравствени причини.
Во полицијата во Сисак околу 21:50 часот било пријавено дека маж со автоматска пушка пука во луѓе на улица и сите расположливи полициски сили се на терен, јавуваат хрватските медиуми.
Престрелката се случила на улицата Чапрашке пољане, во близина на рафинеријата Сисак.
Во тек е гаснењето на пожарот на три објекти поврзани со овој настан“, велат од полицијата.
rt.rs