Масовно убиство во Цетиње, најмалку 4 лица се мртви

Најмалку четири лица се убиени на периферијата на Цетиње во попладневните часови на 1 јануари, соопштија неофицијално од полицијата за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тие изјавија дека меѓу убиените има и „одредени“ членови на семејството на А.М. кој се вооружил, излегол од зградата и побегнал.

Во краткото официјално соопштение, полицијата апелира до граѓаните на Цетиње да останат дома и во затворени простори.

„Во градот Бајице, во ресторан, лицето А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица. Вооружен излегол од зградата и побегнал“, соопштија од Управата на полицијата (УП).

Наведоа и дека Специјалната полициска единица била на терен.

Сите расположливи полициски единици се на терен „со цел да се стави ситуацијата под контрола и кривично да се гонат сторителите“, се наведува во соопштението.

Ја информираме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на сузбивање на високоризични организирани криминални групи“, се вели во соопштението на УП.

 

slobodnaevropa.mk