Мачка „скитник“ отпатувала во Калифорнија, се криела во пакет

Мачката Галена исчезна од нејзиниот дом во Јута претходно овој месец, а едно семејство започна опсежна потрага по нивната сакана исчезната мешавина.

Мачката била спасена од работник на Амазон речиси една недела откако незабележано скокнала во еден од пакетите што нејзините сопственици му ги вратиле на продавачот.

Мачката била во добра здравствена состојба и покрај тоа што со денови немала храна и вода.

„Галена сака кутии, тоа е одлика на сите мачки“, изјави Кери Кларк, сопственичката на мачката, за ТВ станицата XL на Јута, филијалата на NBC, објаснувајќи како миленичето на нејзиното семејство завршило толку далеку од дома.

На крајот, мачката била спасена од големата кутија, во која имало и пар работни чизми зајакнати со челик, од работник на „Амазон“ кој ја однел кај ветеринар.

Во клиниката бил скениран микрочипот на мачката и прочитана е информацијата на сопственикот, кој бил информиран за тоа што се случило.

Г-ѓа Кларк ја опиша како „најневеројатната, најлудата вест во целиот свет“.

„Отпрвин не му верував на ветеринарот и мислев дека тоа е некаква несолена шега“, додаде таа.

Г-ѓа Кларк и нејзиниот сопруг потоа летале повеќе од илјада и пол километри до Калифорнија за да го соберат својот миленик.

„Средбата беше неверојатна! Галена веднаш престана да се тресе и се опушти во моите раце кога ја зедов.2

За среќа на мачката, еден од шевовите на кутијата бил отворен така што имало воздух, а временските услови биле поволни па таа не се замрзнала или прегревала.

Г-ѓа Кларк, која го опиша искуството со Гален како „мачно“, ги охрабри сите сопственици да ги микрочипираат своите миленици и „секогаш тројно да ги проверуваат“ кутиите што ги враќаат во Амазон.

 

telegraf.rs