Мајката на невестата која ја уби пијан возач на денот на свадбата: „Танцувавме, таа беше пресреќна“

Таа сакаше ноќта да трае вечно. Ми кажа дека тоа е најдобриот ден во нејзиниот живот, изјави ужалената мајка на невестата која загина во сообраќајна несреќа на денот на нејзината венчавка.

 

Само неколку часа откако се венчаа, Саманта и Ариќ ги снајде голема трагедија во Јужна Каролина.

 

Додека ја напуштале својата свадба, пијана возачка удрила со нејзиниот автомобил во нив.

 

Саманта починала во болница, додека нејзиниот сопруг бил тешко повреден, пишува NY Post.

Само неколку часа пред кобната несреќа, невестата ја изненадила својата мајка.

 

Пред целата сала ја покани на подиумот и сами танцуваа на песната „Just the Way You Are“ на Бруно Марс.

 

– Беше изненадување за најважната личност во нејзиниот живот, така ме најавија. Никогаш не сум видела да свети како тој ден – рекла очајната мајка.

Џејми Комороски (25), пијаниот возач кој го уби младоженецот и тешко го повреди младоженецот само неколку часа по нивната венчавка, се облекол како шише со „Bud Light“ за Ноќта на вештерките.

Во несреќата таа не е повредена.

 

Коморски одбила алкотест на местото на несреќата, но, како што пишува NY Post, мирисала на алкохол.

Наводно на полицијата и рекла дека испила една чаша текила и едно пиво еден час пред да удри во автомобилот во кој се наоѓале младенците.

 

24sata.hr