По пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, мајката на пејачот од ДНК Андреј Ѓорѓиевски ги обиколи сите скопски болници од утрово, но нема трага од нејзиниот син.
Со болка заминува дома да чека информации за синот.
Ова за „Независен“ го потврди близок член на семејството на Андреј.
Информацијата која се прошири дека Андреј е добар и е во штипската болница, се покажаа неточни, откако се покажа дека се работи за друго момче со тоа име.
Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен.
-Не знаеме ништо хаос е точно е дека Панчо е на кислородна поддршка со изгореници по раце и лице, но е свесен, меѓутоа сè останато не е точно, изјави Спасоски.
Тој не можеше дакаже во каква состојба се другите членови на бендот.
Во пожарот кој вчера избувна во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Кочани.
Според првичните информации, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот.
По социјалните мрежи кружат и фотографии од објектот и во нив се наведува дека толку стар објект не требало да биде користен како дискотека.
Пожарот избувнал околу 3 часот, на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо на излезот.
4news.mk