Мајка која беше бремена 15 години: Луѓето велат дека звучи како хорор филм

МАМА Хона помина речиси 15 последователни години бремена. Со првото дете забременила во 1993 година, а последното во 2019 година. Родила 15 деца, а не била бремена само во 2003 и 2017 година.

Кога таа ја сподели оваа информација со своите следбеници на TikTok, многумина беа шокирани.

 

„Звучи како хорор филм“, „Боже, дали си добро“, коментираат некои.

Koga taa ja spodeli ovaa informacija

Хона не крие колку ужива во мајчинството, но и дека големото семејство чини. Само на тоалетна хартија месечно троши 93 евра.

@mommahona15 15 kids later… #momlife #bigfamily #trending ♬ Mother

„Според Google, на нашето семејство му требаат 105 ролни тоалетна хартија за еден месец“, вели таа во едно видео.

Пресметала и колку пари потрошила на пелени за нејзините 15 малечки. Во видеото таа изјавила: „Забавен факт – сменивме повеќе од 70.000 пелени во последните 18 години. А за нив потрошивме повеќе од 18.330 евра“.

 

 

index.hr