МВР за Курир со детали за тешката сообраќајна несреќа: Менувале гума, едно лице загина, а друго е тешко повредено

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќаната несреќа која се случи рано утрово на бул. Киро Глигоров во близина на „Бриколаж“, потврдуваат од МВР за КУРИР.

Неофицијално автомобил удрил во загинатиот и повредениот кои биле на самиот пат поправајќи дефект на автомобил. Возачот на автомобилот кој удир во двете лица налетал на нив со што на едниот му нанел тешки телесни повреди, а на другиот смртни последици.

Со повеќе детали за оваа несреќа од МВР ќе соопштат во текот на денов.

извор: КУРИР.