Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за сообраќајната незгода на обиколница каде еден велосипедист загина а друг заврши во болница.
– На 17.11.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ – обиколница на град Скопје, под клучка Радишани, патничко возило „мазда-3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(63) од Скопје, удрило во велосипедистите А.П.(43) и А.Ш.(34), двајцата од Скопје. На местото на несреќата починал А.Ш., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобил А.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, е наведено во соопштението на МВР.
извор:МВР