МВР: Припадниците на МВР денес ги завршија сите потребни контроли по однос на електронските дојави за поставени експлозивни направи

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и средни училишта во државава, при што е констатирано дека во сите случаи станува збор за лажни пријави.
Министерството ја информира јавноста дека во насока на ефикасно, планско и координирано делување а по утринските пријави за упатени закани по електронски пат беше формиран и оперативен штаб и беа ангажирани сите надлежни и стручни полициски служби.
Министерството уште еднаш апелира до граѓаните за избегнување од секакви дезинформации и шпекулации по однос на оваа појава.