МВР продолжува со борбата против криминалот. Полициски извори јавуваат дека раководителот на секторот урбанизам на Маврово Ростуше бил фатен – жив.
На 19 март годинава, полицијата го уапсила раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски.
Поткупот бил побаран и примен со ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани и сместувачки капацитети. Станува збор за износ од 13.000 евра, кој требало да се исплати на неколку рати.
Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во
во Скопје.
Парите претходно биле криминалистичко- технички обработени.