Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112 . Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето.
Related Posts
Нови мерки на МВР: Тим ќе проценува ризик и ќе известува само ако има реална опасност од бомби, без прекин на наставата
Во сила се нови упатства, мерки и планови за справување со кибер заканите, според кои по проценка на ризик ќе…
Затвореник од „Идризово“ нападна припадник на затворската полиција
Припадник на затворската полиција во „Идризово“ бил нападнат од осуденик. „На 23.12.2022 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено…
Хакиран сајтот на Министерството за образование
Интернет страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е мета на хакерски напад. Во моментов сајтот е…