Утре (09.04.2022) во период од 09,00 до 12,00 часот, припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот. Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации.
Related Posts
Стјуардеса откри зошто никогаш не треба да користите слушалки во авион
СЛУШАЛКИТЕ се корисна работа за време на летовите, особено ако немате среќа да бидете заглавени со зафатен придружник, но има…
Отворен повик за кандидирање за претседател на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН
Врз основа на одлуката на ИО на ПОЕН на седницата одржана на дена 24 Мај 2022 за свикување на…
Вработените во Холандија, почесто посетуваат индустриски психолози поради листа на чекање на редовна нега
Долгото време на чекање за психолог доведува до тоа вработените почесто да се обраќаат кај докторот на компанијата за упатување…