МВР со детали: Приведени две лица за убиството кај Мавровка

Два часа по убиството кај Мавровка, Министерството за внатрешни работи излезе со детали. Како што информираат оттаму досега се приведени две лица.

„Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање“ велат од МВР.

МВР информира дека во текот на денот, се до расчистување на случајот, на скопските улици ќе има зголемено полициско присуство.

 

извор: slobodenpecat.mk

Убиство кај Мавровка/ Фото: Слободен печат, Методи Здравев