На 25-ти февруари 2023 година, пријавено е дека во 11:45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, 56-годишниот Ј.Ш. од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир и од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, лице на 36-години од Охрид.
Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.