Во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 913 возачи. Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Related Posts
Митева: Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања
Продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите…
Воени авиони се судрија во близина на Рим, загинаа двајцата пилоти
Еден од авионите паднал во поле во близина на градот Гвидонија, додека другиот се урнал на улица меѓу куќи во…
Арсовски: Министерката што се срами и ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка
Вчера сите се згрозивме од скандалозната изјава на министерката за култура, Бисера Стојчевска. Министерка која што доаѓа директно од редовите…