Пов влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес (среда, како и утре, четврток) во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните предели повремено ќе бидат поројни и со услови за ретка појава на грмежи. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.
И во Скопскиот регион за време на овој влажен Медитерански бран ќе има појава на повремен дожд со послаб интензитет. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Да напоменам, дека повремено на повисоките планини со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, во Скопје таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 13 и 15 степени, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.