МЕПСО им простил долг од 14 милиони евра на трговците со струја

Во периодот од август до декември 2021 година, по предизвикани дебаланси на ЕЕ од страна на правни лица – трговци на ЕЕ (БОС), во трговските книги на АД МЕПСО Скопjе евидентирани се побарувања по тој основ, како и побарувања за казни и штети претрпени поради прекин на испорака на договорени количини на електрична енергија. Доставените фактури до четири трговци за електрична енергија се однесуваат на побарувања во вкупен износ од 930.115 илади денари кои, според, надлежните лица во Секторот за финансиски работи не можат да се наплатат, објави Телма.

Во 2022 година од овие отпишани побарувања наплатени се средства во износ од 75.463 денари кои се искажани како приход. Во услови кога се забележани тешкотии во наплатата на побарувањата, Секторот за финансиски работи доставил барање?

Со Одлука од Управниот одбор (УО), две побарувања биле резервирани, за што соодветно се евидентирани трошоци и извршен е отпис по пат на исправка на вредноста и истите се искажани како непризнаен расход во даночниот биланс.

Надлежните лица, како причина за извршеното вредносно усогласување на побарувањата, ја истакнуваат потребата за искажуване на реален финансиски.

Четиринаесет милиони евра МЕПСО им ги прости на трговците со струја.

На самиот старт на енергетската криза, МЕПСО за потребите на трговците со струја ги влечела потребните количини од европската мрежа. За ова, на вкупно четворица трговци доставила фактури во вкупен износ од 15 милиони евра.

Државниот ревизор констатирал дека со одлука на УО, МЕПСО го отпишува овој долг, а го книжи како сопствен трошок, кој потоа го прикажува во регулаторна и кој има влијание при утврдување на крајната цена која треба да ја плаќаат домаќинствата.

Во 2022 од овие отпишани побарувања наплатени се само 1,2 милиони евра.

 

republika.mk