Метеоаларм за најава на променливо време, локални врнежи, топло со јужен ветар

Во текот на новата седмица која што ни следува од утре (понеделник 14 април) па се до (недела 20 април) под влијание на топла воздушна маса од југ ќе имаме релативно високи пролетни температури на воздухот, кои на многу места ќе се искачуваат близу или околу 20 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе се искачат  и до околу 25 степени.

Во Скопје и околината температурата за време на овој период ќе надминува 20 степени.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, кој повремено ќе биде  и засилен на интензитет.

Сепак, и покрај ова, поради циклон со центар над Џеновскиот Залив, времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со малку пообилен интензитет. И во Скопје  и околината времето ќе биде променливо и со услови за повремен локален дожд.

Да напоменам дека, ниски минусни утрински температури не очекувам, па така не постои никаква опасност од појава на нови мразеви, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk