Метеоролог по кој се трагаше неколку дена, пронајден мртов на планина во БиХ

Во Бјелашница е пронајдено тело на метеоролог по кој се трагаше неколку дена. Оваа информација е потврдена за порталот N1 Сараево.

Н1 Сараево потсетува дека изминатите денови секојдневно се организираа потраги по исчезнато лице, но поради катастрофалната временска состојба на теренот, густата магла која ја намали видливоста и силен налет на ветер, се трага по вработен во Сојузниот хидрометеоролошки Институт, во Опсерваторијата, на врвот на Бјелашница (2067 м.н.в) кој исчезна на почетокот на неделава на пат кон своето работно место.

Бараниот во Бјелашница бил вработен во Сојузниот хидрометеоролошки завод. Редовната смена ја започнал во опсерваторијата Бјелашница.

Последен пат е виден во вторникот околу десет часот како оди кон врвот каде што се наоѓа опсерваторијата.

Откако не му одговорил на колегата, кој на врвот го очекувал да му ја предаде смената, алармирана е Планинарската спасувачка служба КС. Екипата на спасувачи набрзо пристигнала во Бјелашница и ја започнала потрагата. Во потрагата по тоа лице беа вклучени припадници на Планинската спасувачка служба на ФБиХ, Федералната управа за цивилна заштита, ГСС КС, Цивилна заштита КС и работници на ЗОИ 84 и МУП КС.