Меѓународен ден на семејството 15-ти мај, еве како ќе се одбележи во Македонија

Институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет, УКИМ традиционално го обележува Меѓународниот ден на семејството, 15-ти мај кој е е прокламиран од страна на Обединетите Нации уште во 1993. Овој ден се обележува насекаде во светот и целта е да се подигне свеста за важноста на семејството и да се поттикне јавноста да даде поддршка за семејствата кои се соочуваат со економски, општествени и интелектуални проблеми.

Денот дава можност за промовирање на свеста за прашања поврзани со семејствата и за зголемување на знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејствата. Низ годините нанзад, многу теми беа дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на семејствата, меѓу кои: Промените на семејствата, Семејствата и сиромаштијата, Рамнотежа меѓу работата и семејствата, Семејствата и стареењето, Семејствата, образованието и благосостојбата, Родовата еднаквост во современите семејства итн. Овогодишната тема е демографските трендови и семејствата.

Оваа година, Институтот за семејни студии организира два настани.
Првиот, “Семеен пикник” настан посветен на забава, дружење, игри и креативни работилници на тема семејство, за најмалите и нивните родители. Овој настан е во соработка со Општина Аеродром. Локација: Паркот на Авиончето, Општина Аеродром. Време: 11ч.

Вториот настан, “Одбележување на Меѓународниот ден на семејството-15ти мај”, настан посветен на научната дискусија и промоција на нови сознанија.
Во прилог е детална агенда за настаните.

извор: Институт за семејни студии, Филозофски факултет, Скопје