Претседателката на собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологоја, пратеничката Рашела Мизрахи во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог одлука со која, Анкетната комисија ќе ја продолжи својата работа за нови 30 дена заради, како што рече, појавувањето и нови информации поврзани со таа клиника и потребата од сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции.
Досега се сослушани повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во надлежните институци и тоа Министерство за здравство, ФЗО, МАЛМЕД, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
Во процесот на сослушувањето на овие лица се појавија нови и важни факти и околности за Анкетната комисија кои што можат да придонесат до конечното утврдување на прекршување на уставните и законските одредби како основ за утврдување на политичка одговорност. Дополнително, во текот на изминатите денови беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата“, рече Мизрахи и додаде дека оради тоа се наметна потребата да се испитаат и тие информации и да се прошири временскиот опфат и со месец април на што се однесува извештајот на ФЗО.
Пратнеичката Рашела Мизрахи ги повика пратениците да го поддржат предлогот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
фото: Архива