Досегашниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ (СДП) освои 77,86 проценти, а Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии 22,14 отсто од гласовите на денешниот втор круг од претседателските избори во Хрватска, покажуваат излезните анкети.
На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска од 7 до 19 часот се гласаше во вториот круг од претседателските избори.
Првите резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти во 19 часот и 30 минути.
Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите./МИА