Милан и Милисав двајца браќа, починале на разлика од само еден час

Жителите на Липнички Шор во Србија се во шок по смртта на браќата Милан (47) и Милислав (49) Максимовиќ, на разлика од само еден час. Милан ненадејно почина во петокот во Словенија, каде отпатува на фудбалски турнир за глуви, а само еден час откако семејството ја доби трагичната вест, во дворот на семејната куќа почина постариот брат Милислав.

– Ова е голема и невидена трагедија во нашето село. Двајца прекрасни луѓе заминаа во текот на денот. Милан и Милислав беа скромни и вредни луѓе, посветени на своите семејства – велат соседите за Телеграф. Тие додадоа дека браќата живееле во посебни куќи, но во ист двор.

– Беа многу блиски од мали нозе. Како деца го изгубиле таткото, но со мајка им израснале во добри и чесни семејни луѓе кои не држеле лутина против никого во селото – додаваат соседите.

 

vecer.mk