Милена отишла на аџилак и починала на мостот на теророт!

Љубица Мијатовиќ и Милена Ериќ од Србија загинаа, а десет лица се повредени, во невидена трагедија што се случи вчера околу 10 часот во Овчар Бањ, кога се урна виснат пешачки мост.

Жените кои загинаа биле од Челопек во Република Српска, а кобниот ден заминале на аџилак со група верници од Зворник и Челопек, на пат кон манастирот Ѓунис.

Како што дознава Курир, група од 115 туристи, меѓу кои и свештеници, во два автобуса, застанале на автопатот кај Овчар Бања, бидејќи сакале да го посетат манастирот Николје, кој е преку Морава. До манастирот води висечки дрвен мост.

– Мостот е стар и мештаните знаат дека не е за употреба. Сепак, луѓето го преминуваа, но се грижеа секогаш да одат во помали групи, по двајца или тројца. Овој пат, група од 20, па и 30 луѓе одеднаш поминаа преку мостот и тој се преполови, па паднаа во реката – изјави извор за Курир.

Луѓето кои го преживеале овој хорор раскажале дека свештениците ги предупредувале луѓето да не одат одеднаш, туку да се шират во групи, за жал, не го слушале, пишува Курир.

– Една постара жена застана некаде на средина на мостот, затоа што претпоставувам дека одеше побавно и тогаш мостот се натовари и каблите се скинаа. Жените почнале да врескаат, а мостот паднал во водата – велат очевидци.

– По овој мост за време на викендите поминуваа неколку стотици луѓе, а тој беше во многу лоша состојба. Подните даски беа скапани и секој чекор беше ризик. Немаше знаци за предупредување. Решетката од страната беше скината, а каблите што ја држат конструкцијата беа слаби. При преминот се се нишало – објаснил изворот.

Роднините на починатата Милена Ериќ од Челопек велат дека нејзиниот живот го одбележале трагедии. Пред шест месеци го изгубила сопругот Вујадин кој починал од рак, а пред шест години во Словенија ненадејно починал синот од срцев удар.

 

– Милена ги загуби и браќата во војната. Била побожна и често ги посетувала православните цркви – велат роднините и додаваат дека останала само една ќерка која живее во Германија.

 

24sata.hr