Верувањето во маѓепсништво е широко распространето низ светот, покажува нова глобална студија во која биле вклучени повеќе од 140 илјади лица, но тоа варира од место до место.
Резултатите покажале дека околу милијарда луѓе во 95 земји веруваат во маѓепсништво, а се посочува и дека бројот може да е поголем.
Гершман пишува дека испитаниците биле прашани дали веруваат во „зло око“ или идејата дека некои луѓе можат да фрлат клетва и магија поради што на некој му се случуваат лоши нешта.
Гершман утврдил дека 40% од испитаниците глобално рекле дека веруваат во описот на маѓепсништво кој им бил понуден. Ако се примени на вкупното население на земјите кои биле опфатени, тоа би се превело во околу 1 милијарда луѓе, пишува тој.
Студијата покажала дека лицата кои се пообразовани и имаат поголема економска сигурност помалку веруваат во маѓепсништво.
– Застапеноста на верувањата во маѓепсништво е систематски поврзана со голем број културолошки, институционални, психолошки и социо-економски карактеристики – вели авторот.
Покрај големината, студијата има и ограничувања, како што е недостигот на податоци од Кина и Индија, двете најнаселени земји на планетата.
Верувањето во вакви нешта сѐ уште доведува до конфликти во некои места, па нивното подобро разбирање, како и на нивниот социјален контекст, може да помогне во заштита на жените обвинети за маѓепсништво.