Во 2021 година во Германија регистрирани се 23.500 луѓе на возраст од 100 и повеќе години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Сојузниот завод за статистика се наведува дека минатата година имало 3.000 лица повеќе на возраст од 100 или повеќе години, во однос на 2020 година.
Се нагласува дека 18.900 од овие лица се жени и дека смртта на премногу мажи во Втората светска војна е една од причините за големиот број жени.
Од друга страна, Заводот за статистика ги наведе подобрите услови за живот, зголемената благосостојба и најновите достигнувања во медицината како причини за зголемувањето на постарата популација.
извор:Агенција Анадолија (АА).