Минатиот месец беше „најтопол март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени со помош на системот за сателитски мониторинг на Европската Унија, Коперник, јавува Анадолу.
Соопштено е дека минатомесечната просечна температура на воздухот на површината била 14,14 степени.
Се наведува дека ова мерење е 0,73 степени над просекот за јануари 1991-2020 година и 0,10 степени над претходниот најтопол март забележан во 2020 година.
Се истакнува дека март годинава бил најтопол ако се земат мерењата на глобално ниво.
Соопштено е дека глобалната просечна температура во последните 12 месеци (април 2023 – март 2024 година) била 0,70 степени Целзиусови над просекот од 1991 до 2020 година.
Надвор од Европа натпросечни температури се забележани и на истокот на Северна Америка, Гренланд, Источна Русија, Централна Америка, делови од Јужна Америка, многу делови од Африка, Јужна Австралија и делови од Антарктикот.
„Запирањето на затоплувањето бара брзо намалување на емисиите на стакленички гасови“, рече заменик-директорката на Службата за климатски промени Коперник, Саманта Бурџис.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.