Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил информираше дека по изврешно тестирање е позитивен на ковид 19.
„Почитувани, Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за Ковид 19, резултатите кои ги добив се позитивни.
Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, се до исчезнување на симптомите.”, напиша министерот Панче Тошковски.