Вознемирувачка е веста за загубата на нашиот колега Филип Стевановски, директор на Центрот за култура “Ацо Шопов” во Штип кој е еден меѓу загинатите во трагичната несреќа во дискотеката во Кочани.
Филип иако беше директор два месеци тој беше исклучително посветен и професионален.
Филип беше и продуцент, пијанист, тромбонист композитор и магистар по џез науки. Неговиот талент беше инспирација за многумина, а неговите ученици и колеги ќе го паметат како прекрасен ментор и пријател.
Моите мисли и молитви се со неговото семејство, пријателите и сите оние кои го познаваа и сакаа.
Почивај во мир.