Одделот за Воздухопловни единици на МВР во минатиот период по извршени значителни обуки на персоналот и инвестиции во опрема стана субјект кој нуди и сервисни услуги и одржување на леталата и за други институции и министерства.
Денеска 05.02.2024 во хангарот на Хеликоптерската единиза на МВР е предаден уште еден хеликоптер на Министерството за одбрана кој во наредниот период ќе треба да биде вратен во функција за потребите на Министерството за одбрана и граѓаните.