Министрите за енергетика на ЕУ договорија итни мерки

Министрите за енергетика на Европската Унија (ЕУ) денеска се договорија за оданочување на приходите на енергетските компании и намалување на потрошувачката на енергија за време на нејзината најголема побарувачка, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Министрите постигнаа политички договор за мерките за ублажување на високите цени на електричната енергија“, објави Владата на Чешка, која претседава со Советот на ЕУ, на својот официјален профил на Твитер.

Договорот вклучува задолжително намалување на побарувачката на електрична енергија за време на периодот на најголемата потрошувачка, воведување солидарен придонес за производителите на фосилни горива и ги ограничува приходите на компаниите кои произведуваат електрична енергија по ниски трошоци, како што се производителите на нуклеарна или обновлива енергија.

Одлуката допрва треба да биде официјално усвоена по политичкиот консензус.

извор:
фото: