Миодраг Давидовиќ Дака, човекот кој правеше зделка со Заев и со Рашковски, на црната листа на САД!

Контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, кој на македонската јавност ѝ стана познат по коруптивниот скандал во владата на СДСМ, е ставен на црната листа на САД, како претставник од Црна Гора.

Гревовите на Дака поврзани со скандалот во Македонија се спомнуваат во одлуката на САД:

Скандалот поврзан со Дака во Македонија го обелодени ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година. Партијата откри дека фирмата на која гласи земјиштето на ШИК „Јелак“ во тетово, на кое беше предвидена изградба на над 2.000 станови и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти, е формирана во Панама под името „Адастра груп корп“. Нејзин сопственик е Давидовиќ Дака. Таа го купила фабриката ШИК „Јелак“, со обврска да ја рестартира. Но, тој со Заев, според тогашните наводи, имал друга бизнис шема, објави plusinfo.mk.

Донесена е измена на Деталниот урбанистички план, со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла среде Тетово. Земјиштето, доколку првично се продавало како парцела за станбени згради, ќе се продадело по многу повисока цена од таа по која го платил Дака. Така бил штетен буџетот на Македонија.

За овој скандал се појави и аудио-снимка на Јутјуб, под наслов „Лепливи раце“.

Текстот во целост на: plusinfo.mk