Мисајловски од Брисел: Ќе продолжиме да вложуваме 2 отсто од БДП за НАТО

Нашата земја останува посветена на намерата за континуирано вложување на два проценти од БДП за одбраната, што ја позиционираше меѓу две третини од сојузничките држави кои ја имаат исполнето оваа заеднички цел на НАТО, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски во обраќањето на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел.

„Мисајловски даде целосна поддршка и на зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО, преку исполнување на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување“, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

 

 

 

slobodnaevropa.mk