Мистериозна сина светлина се појави над Балканот

Вечерва граѓаните на Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија беа сведоци на ретка и импресивна глетка на небото. Се појавила необична светлосна спирала, која брзо се вртела, а потоа исчезнувала.

Феноменот предизвика голем интерес, а бројните посетители на бројни портали испратија слики и видеа од кои навистина ви застанува здивот, објави Вечерњи лист.