Митева: Ковачевски и ДУИ го оставија народот без леб, а има за тендери и криминал, со оваа власт под знак прашалник се основни егзистенцијални работи

Срамно и жално е што Ковачевски и ДУИ го оставија народот без леб, додека има за тендери и криминал. Македонија со оваа власт со СДСМ и ДУИ е единствена држава не само би кажала во регионот, туку и во Европа во која на народот му се под знак прашалник основни егзистенцијални работи, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за владината одлука за замрзнување на цената на лебот.

Таа истакна дека апсурдна е ситуацијата со СДСМ, нема леб, храната е скапа, а на земјоделците им скапува родот, затоа што немаат пласман.

– Државата е вратена 70 години назад како во време на транзицијата кога немало леб, млеко или други продукти, па се чекало ред или се купувало со бонови, рече Митева.

Митева нагласи дека со Ковачевски веќе достигнување е ако државата и институциите можат да ги извршуваат основните функции, за повеќе и не станува воопшто збор.

Извор: ВМРО ДПМНЕ