Митева: Криминалот на Ковачевски и Ахмети е причина за блокадата на Македонија во ЕУ

СДС и ДУИ ја претворија надворешната политика во политички театар измислувајќи потези кои за Македонија значат изгубени 7 години кои не можат да се вратат никако. Дополнително, Ковачевски, Маричиќ и Османи преземаа чекори кои оставија ненадоместливи последици врз евеоинтегративниот пат на Македонија.

Ковачевски наместо да ги предочи илузорните позиции кои ги има Бугарија пред високите претставници на ЕУ, тој неискусно и аматерски, политички неопортуно, прифати договор кој е на штета на државата и на македонскиот народ, иако за истото ниту имаше мандат од граѓаните. Преземањето на обврските кои СДС и ДУИ не беа способни да ги исполнат за нив беше само сламка за ден повеќе власт во која ќе крадат, корумпираат и уништуваат. И додека ја бараа поддршката за ден повеќе власт, тие крадеа. Тој криминал е регистриран и во Извештајот на ЕК – од Кривичниот законик, до Коридор 8 и 10Д, па завршува со корумпираното судство, истакна на денешната прес конференција Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ви ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

СДС и ДУИ ако малку покажеа државнички капацитет, да ги искористеа сите механизми кои велеа дека ги имаат, да ги замолеа пријателите со кои се фалеа да ја убедат Бугарија да ја напушти салата на кратко, ќе се изградеше подобра позиција за Македонија и сега нашата држава, заедно со Украина ќе ги започнеше преговорите со ЕУ.

Криминалот на Ковачевски и Ахмети ја чини Македонија нова блокада. Никој не гледа на Македонија како средена и правна држава, за жал поради власта на СДС и ДУИ Македонија за европските политичари не е спремна да ги започне преговорите во ваква несредена состојба во каква што се наоѓа.

Затоа на Македонија и е потребен комплетен рестарт, борба со криминалот и корупцијата и дипломатија со капацитет која ќе ја претставува Македонија достоинствено.

извор: ВМРО ДПМНЕ