Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес конференција истакна дека Владата денеска на седница донела одлука за задолжување на Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари.
Средствата ќе бидат пренесени кон Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), и истите се за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.
„Во овој момент можам да ја информирам јавноста дека за 58 лица се обезбедени транспорт и сместување. Оваа одлуката ќе се однесува и на оние лица кои заминале и пред донесување на ваквата одлука, ќе може ретроактивно да им се изврши дополнителна исплата“, рече Митева.