На денешната прес конференција портпаролката Марија Митева од медиумите беше запрашана како го коментира стартот на учебната година, со оглед на тоа дека имаше многу проблеми околу учебниците и свидетелствата.
„Целосна неподготвеност е дефиниција која можеме со сигурност да ја употребиме кога станува збор за први септември и стартот на учебната година. За жал први септември ќе го дочекаме без учебници, без свидетелства за завршена претходна година, без главни книги за наставниците и многу други пропусти. Власта не успеа да обезбеди навреме учебници за учениците, но одговорност за тоа не гледаме“, истакна Митева.
Таа додаде дека веќе петта година се започнува учебна година со огромни проблеми.
„Веќе петта година како започнуваме со огромни проблеми, и ако се навратиме наназад низ годините ќе видиме дека секоја година имаме задоцнет почеток на учебната година со огромен број на нерешени предизвици. Со учебниците тие прават пиши бриши, укинуваат предмети, тераат матни набавки и за жал ги забораваат најмладите. Но, уништувањето на образованието како да е целта на оваа власт, бидејќи дерогирање на образованието води кон забрзано уништување на државата“, појасни Митева.
фото: Архива