Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прекина сите официјални билатерални средби со власта, може да се разговара само за предвремени избори, власта ги користи уставните измени за дефокус од проблемите во државата

Власта тактизира, ги користи уставните измени како тема за која треба да се зборува, а во суштина во државата се случуваат други процеси и граѓаните точно знаат каде се дефектите во државата, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за „За или против“ на Алфа и посочи дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ реши прекине сите официјални билатерални средби со власта и дека единствено може да се разговара за избори.

Мицевски посочи дека во моментов ниту пратениците од власта не знаат што содржат предлозите за уставни измени, а власта го одолговлекува процесот оти нема мнозинство.

– Овој процес се одолговлекува од минатата година кога го донесоа Францускиот предлог. Владата тогаш најавуваше дека има 80 пратеници и дека брзо ќе влезат уставните измени во собраниска процедура. Потоа се кажа дека ќе се продолжи во декември, па дека ќе одат во февруари, па мај, дојдовме до јули и пак се спомнуваат термини, рече Мицески.

Тој додаде дека згрешен е целиот процес од сам почеток и дека уште на почеток ВМРО-ДПМНЕ уште кога беше договорот со БУгарија укажуваше каде се проблемите и има замки кои Бугарија успеа да ги искористи

– Бугарија успеа билатерален проблем да го наметне како европски проблем. Укажувавме, имавме забелешки а тие викаа дека тој е патот, дека ќе нема повторно проблеми. Потоа се појавија проблемите и барањата за Бугарите во Уставот и сите тие проблеми кои потоа следуваа и кои се наметнаа, а ги немаше назад 30 години. Викавме дека не е добар процесот без ВМРО-ДПМНЕ, понудивме да имаме работни групи со лица кои ќе помогнат во тој процес и дека ќе исправиме сите неправилни работи и бевме одбиени, изјави Мицевски.

Мицевски истакна дека власта го даваше за пример хрватскиот модел, па кога ВМРО-ДПМНЕ рече може, тие избегаа како што избегаа од двата предлози на претседателот Мицкоски.

– Го спомнува хрватскиот модел, кога го прифативме, бевме одбиени, се продолжи со тактизирање да дојдеме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ на маса стави два предлога преодна вада без ДУИ и измени кои ќе стапат на сила по завршување на преговорите со членство на државата и вториот гаранции за идентитетот, економски пакет, заштита на Македонците во Бугарија и спроведување на дел од пресудите од ЕСЧП. Следеше спинување на предлозите. Се тактизираше 3-4 недели, за на крај излеговме со став дека преговори по ова прашање нема и единствена тема за која ќе разговараме следниот период се предвремени избори, изјави Мицевски.

извор: ВМРО ДПМНЕ