Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес ќе поднесе Предлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27-ми април 2017-та година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог на закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27ми април 2017та година.

Овој Предлог на закон го поднесуваме и е резултат на иницијативата и заедничката заложба на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Многу важно е да се напомене дека овој Предлог на закон е само продолжение на претходниот Закон за амнестија кој е донесен во декември 2018та година, но со една голема и суштинка исправка, а тоа е надминување на селективноста и селективната правда која што произлегуваше од законот донесен во 2018та година.

Напоменувам, со овој закон ќе бидат опфатени сите осудени лица за настаните од 27ми април, без исклучок.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се надеваме дека мнозинството ќе го поддржи, прифати и ќе гласа за овој Предлог на закон бидејќи во спротивно, доколку не го стори тоа, ќе покаже и докаже дека за нив, селективноста е на прво место, владеењето на правото и правдата во Македонија ги нема никаде.

извор: ВМРО ДПМНЕ